речник контакт

Цветниот замок Равале, стана историски споменик

Пет месеци цветен пет месеци празен. Проблемот бил во одржувањето, полевањето.Пред Питијадата а по реакциите на јавноста, деновиве поставени саксии со сезонско свеќе

Петар Печков

Цветниот замок, реплика на  францускиот замок ,,Равеле,, лоциран во Младински  парк, подолго време беше само метална конструкција. Откако во  март беше собрано цвеќето,  долго време не  се постави ново.  

Велешани коментираат дека цветниот замок, стана  историски метален  споменик, бидејќи  беше  празен.  Или пет месеци беше прекрасна слика а исто толку време е грд објект,  кој не служеше за ништо, само метална конструкција, кафез. Единствениот ваков цветен замок во земјава, беше привлечен не само за велешани, туку и за гостите  од страна.                  

Проблемот е во вертикалното зеленило, кое се  одржува потешко отколку хоризонталното.  Се прават одредени саксии во Брако,  со одредени димензии  според потребите на замокот. Откако тие ќе се постават, ќе се посади цвеќе и тој пак ќе биде уреден – изјави Фиданчо Цековски, директор на  ЈКП Дервен.  

Цветниот замок ,,Равале,, беше создаден во чест на пријателството на двата града Велес и збратимениот Француски Шеребур, отворен на 9-ти ноември, минатата година за Денот на Општина Велес. При украсувањето искористени беа три илјади саксии и беше најавено дека два до три пати годишно тој ќе се обновува со ново сезонска цвеќе.  

По реакцијата на јавноста  и пред Питијадата, деновиве тој беше скромно накитен со саксии  од актуелно сезонско цвеќе.    Со овој проект во збратимениот француски град Шербур, требаше да се постави иста ваква цветна  конструкција, реплика на велешкиот Градски саат, но нема  информација дали тоа е сторено.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »