Петар Печков
Објавено: вторник, 18 септември 2012
Фиданчо Цеквоски дипломиран градежен инжинер е директор на ЈКП Дервен. Тој неколку месеци беше вршител на должноста а по распишаниот конкурс, меѓу Златко Пљаков, Љубомир Ракиџиев, Бранислав Михајловски, Ангел Сараулев, Бобан Пановски од страна на градоначалникот беше избран за директор. Тој и досега работеше во ЈКЈП Дервен како раководител на РЕ Водовод и канализација.
Директор доби и Средното Економско училиште Јовче Тесличков каде во наредните четири години ќе директорува дипломираниот економист Надица Јованова, која два месеци беше в.д. директор.
Tweet |