речник контакт

Цели 142 паралелки во велешко, со помал број ученици од минимално дозволениот

Образовната мрежа е димензионирана пред децении кога бројот на ученици беше далеку поголем -објаснува градоначалникот Коцевски. И додека бројот на ученици се намалува, бројот на просветни работници е висок

Петар Печков

И годинава висока бројка на одделенија во велешко, во кои учат помал број на ученици од минимално дозволениот. Оваа есен во шесте основни и четирите среди училишта 142 паралелки со помалку ученици од законски пропишаните, за основните тоа се 20 за средните 25 ученика. Во основното ги има 86 а во средното 56 паралелки.  Наспроти најавите дека  нема да се дозволи ваква состојба и нерационално трошење на народните пари, состојбата во образованието, не се менува, туку се влошува. На двете трибини организирани претходните години  со стопанствениците од градот, тие јавно кажаа дека средното образование не образува кадри за нивните потреби. 

Ставот на градоначалникот Коцевски дека дел од директорите се водат од мислата за што повеќе  запишани ученици,  за да имаат што повеќе паралелки,  да има што повеќе часови за наставниците, да немаат технолошки вишок, при тоа не водат грижа   колкави се потребите на бизнис заедницата, искажан на овие трибини , не ја промени состојбата во образованието.

Мојот став е јасен, доследен и останувам дека не само во Велес, туку во цела држава мора да се рационализира мрежата на училишта, било основни или средни. Таа е димензионирана пред децении кога бројот на ученици беше далеку поголем. Велес е добар примен, но засега осамен. Кога сум на ова позиција споивме едно основно со друго, мината година уште еден таков пример. За ова прашање  се обидуваме да постигнеме висок степен на согласност со Министерството за образование. Се финансираат плати на просветен кадар, многу повеќе отколку што е неопходно потребно.  Со тие средства може да училиштата да бидат енергетско ефикасни. МОН треба посериозно да пријде на оваа тема, да ја консултира бизнис заедницата при уписот во средните училишта, што им е неопходно потребно, кои профили а не да се создава кадар кои ќе биде неискористен - кажа градоначалникот Коцевски, одговарајќи на прашањето на ТрМр за состојбата со образованието во општината.  

Цело едно средно училиште, Економското со сите 18 класа е со помал број на ученици од минималниот, некаде и со пет, шест или седум ученици во паралелка што го нема ниту во приватните училишта.  Во Хемиското пак паралелки скроени за потребните на наставниот кадар, без некоја меѓусебна поврзаност- болничар, фармацевт, фризер, прехранбен техничар, техничар за животна средина, се на едно место. Двете диспензираните паралелки на спортска академија од Скопје, кои работат  во Велес се исто така со мал број ученици, со по 17 односно 12 ученици. Лани во велешките училишта имаше рекордни 151 одделенија со помал број ученици од дозволениот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »