речник контакт

Цена на бракот

Советниците и градоначалникот на општина Велес се скараа за висината на наемнината за користење на салата за венчавање.

Петар Печков

Советниците и градоначалникот на општина Велес се скараа за висината на наемнината за користење на салата за венчавање.  

Со предлогот на локалната власт цената на склопување брак беше 800 денари, што за советниците беше превисоко, па тие побараа таа да биде пониска.

Градоначалникот Аце Коцевски им порача дека во цената се вкалкулирани трошоците за одржување, греење како и паушал па доколку сакаат  новите младенци да плаќаат поефтино, советниците да се откажат од нивниот  хонорар  во висина од 250 денари.

По ова се договорија доколку бракот се склучува во работно време новите брачни партнери да плаќаат по 300 денари, додека во викенд или навечер цената е 800 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »