речник контакт

Цената на маслото за јадење нема да се менува до следната пролет, ниту ќе има негов недостаток

Досега, од почетокот на откупот, велешка Маслодајна откупила шест илјади тони сончоглед

Петар Печков

Македонските потрошувачи, најмалку до пролет следната година нема да имаат проблем со снабдувањето со масло за јадење, ниту цената ќе се покачува.

Производителот од Велес, единствен во земјава кој го работи маслото за јадење од сончоглед, Маслодајна, уверува дека нема да ги има слики до пролетта, кога рафтовите по продавниците беа празни а цената беше во пораст.

„До пролет цената на маслото за јадење нема да се качува и граѓаните  треба да бидат спокојни, нема потреба да прават залихи. Има доволно и сончоглед и масло. За разлика од другите цени на основните прехранбени производи, не се очекува тоа да се покачува“ - кажа Горанчо Лазов, директор на Маслодајна.

Причината за ваквата охрабрувачка најава е што годинава има  повеќе засеани површини, висок принос на сончогледот и добрата цена за откуп. Годинава родот бил   од  1,8 илјади  до 2 илјади  кг по хектар, што е  повеќе од претходните години.

Велешката фабрика најавува дека ќе го откупи целото годинашно производство, кое се проценува дека ќе биде помеѓу 10 -11 илјади тони и истото ќе биде исплатено до крајот на годината. Досега биле откупени  шест илјади тони сончоглед, повеќето од оваа количина била од индивидуални земјоделци. Со ова количество фабриката може да работи два месеци без увоз на суровини од странство.

„Без оглед што Владата го забрани извозот на сончогледот, со нашата откупна цена, ние сме со највисока во регионот, така што и да имаше дозвола, не верувам дека земјоделците ќе го продаваат во странство, оти нашата е најдобра“ - додаде Лазов.
За споредба лани „Кристал 1923’   кога откупила  четири илјади тони, тогаш откупна цена била 28, а годинашнава е за седум денари повеќе  или 35 денари за килограм.

„Минатата година од 4 илјади тони, две илјади беа од ЗИК „Пелагонија“ а исто толку од индивидуалните земјоделци. Од досега откупените 6 илјади, 1,3 се од  ЗИК Пелагонија поголемиот дел од 4,7 илјади. Се откупува по 35 денари за килограм а  лани  беше 28 денари“ - вели Лазов. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »