речник контакт

Црвениот крст Велес, ќе обучува негователи за помош на стари лица и лица со попреченост

Конкурсот е објавен а може заинтересираните да се пријавуваат од 31-до 4-ти февруари

Петар Печков

Општинската организација на Црвен Крст Велес распиша конкурс за обука на Негователи за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.   Проектот е насловен  „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД 19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“.

Поддржан е од Австриското Mинистерство за социјална работа, здравство, грижа и заштита на потрошувачите и Австрискиот Црвен крст, Црвен крст на Македонија Општинска организација Велес.  Сите заинтересирани од територијата на Општина Велес кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со сертификат државно признат, можат да аплицираат во периодот од 31 јануари до 4 Февруари годинава

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
да се државјани на Македонија, да имаат 18 години, да имаат минимум основно образовани, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост, да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени како негуватели во сервисите за нега во домашни услови. Обуката за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е бесплатна.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: veles@redcross.org.mk или на телефонските броеви: 043/231-537,071/274-223 и 076/368-066. Секој кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »