речник контакт

Црква од човечки коски

Ова е една многу необична и морбидна приказна за една цркава која се наоѓа малото гратче Кутна Горасе во Чешка.

lj lkjl

Оваа необична цркава се наоѓа во Чешка, на работ на малото гратче Кутна Гора и се вика \"Црква на коски\". Еве ја историјата... Во 1278 свештеникот Јиндрижих се враќа од дипломатска мисија од Ерусалим, носејќи со себе одредена количина света земја од Голгота за манастирските гробишта. Гробиштата рапидно стануваат популарни бидејќи сите сакале да се одмараат во света земја а не во некоја \"дупка\". Од оваа причина гробиштата значително се зголемиле. Особен наплив на \"клиенти\" се случил во 1318 година после епидемијата на чума - таа година умреле повеќе од 30000 луѓе. Потоа се случиле неколку војни, востанија и други кризи и се ова легнало на товар на едни гробишта. Во еден момент гробиштата толку се рашириле што тогашното раководство наредило старите коски да се складираат во црквата за да има место за новите покојници. На тој начин, во црквата се натрупале 6 огромни пирамиди од коски. Во 1784 по наредба на царот манастирот бил затворен, а неговиот имот и земја го купиле Шварценбергови. Новите газди не биле баш среќни со толку многу коски, па го замолиле Франтишек Ринт, мајстор за резба во дрво, да направи нешто готско. Ринт со помош на калциум хипохлорит ги исчистил остатоците од месо од коските и го направил тоа што се гледа на фотографиите. Во грбот што ќе го видите подолу, Ринт ги вклучил сите коски од човечкото тело. За изработка на ова се искористени коските од 40000 до 50000 луѓе (бројката варира во различни записи и кажувања).

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »