Петар Печков
Објавено: сабота, 09 септември 2017
Велешани поитаа да ја посетат црквата Св. Кирил и Методиј, која ќе биде осветена утре в недела. Попладнево имаше вечерна богослужба.
На неа служеше Митрополитот Дебарско - Кичевски г. Тимотеј а гостин беше Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Во продолжение настапија двата велешки црковни хора, Св. вмч. Пантелејмон“ од Велес и младинскиот црковен хор „Св. Кирил и Методија,,.
Поради дождот програма беше скратена и изведена во храмот.
Осветувањето на храмот Св. Кирил и Методиј е в недела од 8 часот.
Tweet |