речник контакт

Црквите и фрескописот во реонот на Пешти се редок Балкански пример

Црквите и фрескописот во реонот на Пешти се редок Балкански пример на оваа уметност и значаен културолошки и историски извор за фрескоживописувањето на подрачјето на Македонија.

Петар Печков

Црквите и фрескописот во реонот на Пешти се редок Балкански пример на оваа уметност и значаен културолошки и историски извор за фрескоживописувањето на подрачјето на Македонија. Ова е првиот впечаток на значајни српски истражувачи и експерти кои ги посетија петте цркви во Пешти и ги видеа ретките фрески за кои се смета дека се нацртани во 14 -тиот век.



- Ова е редок и единствен споменик на Балканот а можеби и пошироко. Врз основа на овие многу оштетени ликови може да се претпостави дека се многу (изузетно во оригинал) вредни, бидејќи се гледа дека ги работел автор кој  одлично ги познавал класицистичките традиции и е школуван во некој подобрите од средновековните ателјеа – вели д-р Тања Стародупцев префесор на Новосадскиот Универзитет. Гостите од Србија се воодушевени од фреските  на Христос во апсидниот дел од црката или композицијата  Благовестие составена од Богородица и Архангел Гаврил во друга од четиорите цркви. Тие се уникатни бидејќи авторот ги цртал иконте на ѕидовите од пештерата, додека петата е Маркова црква – Свети Никола и изградена е во една од пештерите.



- Одлично е сочувана фреската на Јован Крстител кој е мошне важна личност во пештерното монаштво. Тој е водечка култна личност во монашката традиција на 14-тиот век а ова што го гледам е ремек дело на пештерската уметност и сликарство – изјави магистер   Светлана Микуљевиќ од Белградскиот Универзитет. Но тие укажуваат на потребата итно да се изврши санација и конзервација  на неколкуте фрески што останале но и нивно документирање за проучување на животот во овие пештери. Пред седум века на подрачјето на Пешти, според овие цркви, имало богат монашки живот каде живееле испосници. Тие четирите пештери  ги користеле како цркви а  соградиле и една со ѕидини и се што дава обележје на ведрски објект.



Стручњаците се воодушевени од глетката и податокот дека тоа се случува во кањон, на стотина метри над реката Бабуна, во тешко пристапен предел. Во овој реон, кој е прогласен за орнитолошки, бидејќи живетат ретки тпици, има 80 пештери, кои не се доволно проучени а црквите се многу оштетени од локалното населениа, додека фреските се на прагот на уништување, зарадиа што е потребно нивно конзервирање.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »