Петар Печков
Објавено: сабота, 28 ноември 2015
Светската традиција, од Западнете земји, која во Македонија дојде од пред две години, годинава доживеа фијаско во Велес. Бомбасто најавуваните огромни попусти и до 70 отсто на техничка роба, не ги предизвикаа велешани на масовно пазарење. Напротив далеку помалку гужва како лани а и тие што дојдоа, малку купуваа повеќе гледаа. Дали дождот, дали ниските попусти и надуени цени на производите, придонесоа ,,црниот петок,, да биде повеќе симболично и на реклами отколку практично
Бев и во Нептун, и во Техноимаркет и во Сетек ама искрено ништо не купив. Цените за малку пониски од вообичаено, далеку од најавуваните високи попусти. Згора на тоа тенкиот домашен буџет придонесоа да видам и излезам од маркетите - вели Златко.
Најпознатиот петок во светот, кога граѓаните од ноќ чекаат во долги редици за да влезат меѓу првите во продавниците кога ќе ги отворат вратите и да грабнат колку што можат повеќе од она што се нуди по драстиччно намалени цени. Кај нас, не можеше да се види, ниту да се почувствува некоја голема потрошувачка треска.
Ја имам почувствувано треската на „блек фрајдеј“. Ова кај нас е далеку од Америка, каде бев присутен токму во овој период, претходни години. Под маската на црниот петок, овдека се обида да ја продадат робата која им е во магацин. Ниту попуст, ниту квалитетна роба. А и дождот кој врнеше ги избрка муштериите - објаснува Никола, кој како студент престојувал во САД, токму во времето на црниот понеделник.
Нашиот „црн“ последен петок во ноември, ниту според бројот на потрошувачи, ниту според попустите, не може да се спореди со оној во европските и светските градови, каде што потрошувачката еуфорија се чувствува цел ден.
Терминот црн петок датира од 60-ите години на минатиот век и го одбележува отскокнувањето на предбожиќното купување во Америка и е ден по Денот на благодарноста.
Tweet |