Петар Печков
Објавено: петок, 25 ноември 2016
„Црн петок“ е последен петок во ноември, еден ден по американскиот Ден на благодарноста. Од пред некоја година се применува и во Македонија а со тоа и во Велес.
Ама далеку од еуфоријата во првата година, сега е некако празно. Ниту според бројот на потрошувачи, ниту според попустите, не може да се спореди со оној во европските и светските градови, каде што потрошувачката еуфорија се чувствува цел ден.
Во градов во два големи маркети за бела техника Техно- маркет и СЕТЕХ, најавени големи попусти, без конкретни бројки. Тоа не ги предизвика велешани утрово да побрзаат пред вратите и како на Запад да чекаат да се отворат и влезат , па да купат нешто од стоката која се нуди.
Цените се нешто пониски од вообичаено, далеку од моите очекувања. Згора на тоа, тенкиот домашен буџет придонесоа да видам и излезам од маркетите. Не најдов, ниту купив нешто, што ни треба за по дома - вели сограѓанин кој се престави како Драган.
Терминот црн петок датира од 60-ите години на минатиот век и го одбележува предбожиќното купување во Америка. Во Велес, не можеше да се види, ниту да се почувствува некоја голема потрошувачка треска. Состојбата во овие два маркети за бела техника како и останатите денови.
Црниот петок беше повеќе симболично и на реклами, отколку практично. Ниту според бројот на потрошувачи, ниту според попустите, не може да се спореди со оној во европските и светските градови. Таму се намалуваат цени и на облека овде такво нешто не сретнав – вели млад соговорник, кој се претстави како Младен.
Black Friday или познат како почеток на божиќните и новогодишните намалувања. Најпознатиот празничен шопинг настан, Black Friday, е традиционална манифестација на која сите поголеми маркети, продавници и компании своите производи ги нудат со големи попусти, со што го покажуваат својот празничен дух. Тоа е најмасовно посетениот настан ширум светот, кога граѓаните во редици го чекаат отворањето на вратите од супермаркетите и трговските центри.
Tweet |