Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 септември 2011
По петти пат во ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари, се организираше ликовна работилница под мотото ,,Цртежот ги надминува јазичните и верски бариери,, на ниво на општините Велес, Градско и Чашка.
Учесници беа учениците од основните училишта кои цртаа на рециклирана хартија, која на еко - работилница ја подготвија заедно со наставникот по ликовно Борче Стојанов.
Се твореше во две работилници, првата на рециклирана хартија на тема ,,Овој свет да а не биде во смет,, и втората цртање на еко- лого на отпадни плочки на тема ,,Зеленото е во мода,,
Tweet |