Петар Печков
Објавено: недела, 01 октомври 2017
Мојот прв приоритет како градоначалник во наредниот период е изградба на нови фабрики и отворање на нови работни места во Велес.За таа цел во новата Програма предвидуваме инвестиции од преку 100 милиони денари, односно над 1 милион и 600 илјади евра, наменети за инфраструктурно уредување на индустриските зони.
Посебен акцент ставаме на индустриските зони Мамутчево, Речани 2, Елегант, УЗУС и УЗУС 2. Тие ќе добијат нови пристапни патишта, водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација и улично осветлување.
По примерот со успешната приказна во индустриската зона Караслари, ќе продолжиме со вложувањата во индустриските зони, сѐ со цел да привлечеме уште повеќе нови инвеститори во нашиот град.
Ние сме единствена општина во Република Македонија која со сопствени средства изгради индустриска зона. Тоа е индустриска зона Караслари, која е според стандардите за таа намена. Прва голема инвестиција во Велес по 30 години, тоа е Маркард каде има повеќе од 500 вработени.
Во наредниот мандат силно ќе вложуваме3 во индустриските зони и следна копја се планира е Елегант. За просперитетен и економски развиен Велес.
комерцијален текст
Tweet |