речник контакт

Чадиев -Стоп за незаконското работење на фармите во околината на градот

Во непосредната околина, на градот работат 12 свињарски и краварски фарми

Петар Печков

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев најави дека локалната власт и општинскиот инспектор за животна средина  во наредните месеци ќе преземат  поригорозни мерки и санкции против сопствениците на фарми во и околината на Велес кои го прекршуваат законот.

Градот расте и се проширува така што фармите кои беа подалеку од него, сега се поблиску. Затоа ќе преземеме законски мерки за тие што не ги почитуваат прописите. Сите сме сведоци дека во овој дел од годината, од пролет до есен не можат одделни жители на градот од Тунел, Ќерамидна, кај Општина да излезат надвор од домовите,  од  непријатната миризба што се шири - рече Чадиев. 

Според него , иако фармите имале потпис за работа од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, сепак крајниот потпис за нивното работење треба да го стави тој како градоначалник. Чадиев е дециден дека и покрај жалбите  против него од страна на некои од сопствениците до Второстепена комисија, тој нема да го стори  тоа се додека тие не ги испочутуваат законските одредби за правилен третман на отпадните води и за непријатната миризба во градот.

Се’ додеке не се испочитува законот јас нема да го ставам потписот за работење на ниту една фарма. Во овој период од мојот мандат не сум ставил потпис, а така ќе биде и натаму  потенцира Чадиев.  Тој информираше дека во  новите градски населби на Велес и непосредната околина, повеќе години наназад работот повеќе  од 12 свињарски и краварски фарми.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »