Петар Печков
Објавено: недела, 07 април 2013
Велес доби нов градоначалник, повторно од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Вечерва од партиските простории Чадиев ја прогласи победата.
Голема благодарност за вербата што ми ја дадовте и што заедно работевме месец дена. Ви ветувам работа, ви ветувам исполнување на проектите кој ги најавив. Мојата програма граѓаните ја прифатија и тоа е моја обврска. Затоа сме ВМРО - затоа народот ни даде доверба, ние треба да се вложиме. Ова е седма победа по ред на ВМРО во Велес. Оваа победа е обврска за сите нас, советниците, за мене како градоначалник, за пратениците, за претседавачот на Советот, но и за Владата и сите заедно да го градиме Велес. Вечерва славиме а од утре започнуваме со работа. Ви благодарам – изјави Славчо Чадиев прогласувајќи ја победата.
Неофицијалните информации се дека тој освоил 17.915 гласа а против кандидатот Аце Коцевски 14.350.
Tweet |