речник контакт

Чадиев ја преживеа интерпелацијата

Опозицијата по шестчасовна расправа не успеа да го симне претседавачот на Советот од функцијата

Петар Печков

 Барањето на СДСМ за разрешување на претседавачот на Советот Славчо Чадиев  поради недоволниот број гласови не успеа. За оваа точка беа само осум советника додека против гласаа 12 по што Чадиев до крајот на мандатот на овој состав на велешкиот Совет останува на претседавачката фотелја. Шест часа советниците дискутираа, дебатираа се надмудруваа а потоа со гласање се отфрли предлог барањето.

Работата во овие четири години од претседавањето на Чадиев споредбено со периодот претходно. И самите советници се свесни за разликите кои се на штета на сегашната работа. Нема редовни координации со градоначалник и претседавач на Совет пред почеток на седница. Ова зборува за релацијата општинска администрација, градоначалник и претседавач. Точките кога се поставуваат на дневен ред нема изготвени материјали, нема образложенија и некои точки иако немаат итност се поставуваат на таа седница само да минат што побргу. Најсилниот наш аргумент беше подарувањето на Хотелот во Горно Врановци . Овде грубо  се наруши сопственоста на велешани и се даде подарок иако тоа не е законски - Деан Гавазов координатор на советничката група на СДСМ.

Целта на барањето на СДСМ не беше интерпелацијата туку во дебатата да се презентираат нивни политичко партиски ставови. Советничкото мнозинство донесе со гласање одлука дека нема  аргументи за смена на претседавачот на Советот. Треба д се знае дека велешкиот совет е меѓу првите три по работа во земјава после општина Центар и кумановскиот, по донесени одлуки, интензитет на работа. Освен што имаме одржано 70 седници имам свикано 140 прес конференции каде на јавноста им ја имам детално објаснето нашата работа што зборува за транспарентноста на работата. Еднаш неделно одржувам  средби и со граѓаните  – изјави Славчо Чадиев претседавач на Советот на општина Велес.

Работата на претседавачот Чадиев тој ја врши крајно одговорно, во согласност со законските прописи и деловничките правила. Неговиот интензитет за работа е примери за останатите Совети во земјава, но и за неговите претходници во општина Велес. Точката  за разрешувањето, која од колегите од СДСМ ја предложија повторно не беше деловнички исправна, но заради демократијата и првото на говор на опозицијата,  ние ја оставивме на дневен ред. Тие не сакаа  да се разреши Чадиев, туку да се упатат критики за  неговата работа, кои се неосновани.  Околу целата постапка за незаконитоста на предавањето на Хотелот во Горно Врановци ќе ја чекаме одлуката на Уставен суд која ја чекаме како конечна  – рече Александар Колев координатор на советничката група ан ВМРО-ДПМНЕ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »