речник контакт

Чадор – статусен симбол, моден детал, потреба

Во минатото чадорот бил статусен симбол, симболично претставувал власт и бил атрибут на божество. Денешните чадори се практични предмети кои заштитуваат од дожд, но и моден детал. За неговата историја, во продолжение

Петар Печков

Чадорот е доказ дека постои Марфиевиот закон бидејќи многу често не врне дожд тој ден кога ќе помислиме дека ќе врне, а врне тогаш кога мислиме дека нема да врне, па не сме понеле чадор.

Понекогаш се нервираме што чадорот не ни оди со гардеробата бидејќи тој не е само практичен предмет туку и моден детал.

Инаку италијанскиот збор омбрело или англискиот амбрела, водат потекло од латинскиот збор умбра што значи сенка.

Не може со сигурност да се каже дали чадорот води потекло од Египет, Кина или Индија, бидејќи секоја од тие земји има своја приказна која е од далечното минато, па поради тоа треба да ја носи титулата за постоење на денешниот чадор кој имал статусен симбол, симболично претставувал власт и бил атрибут на божество.

Меѓутоа, во тоа време чадорот не служел луѓето да се заштитат од дожд туку од сонце, а најстарите слики на чадори се наоѓаат во древни кинески книги и во египетските гробници.

Во Индија се верувало дека чадорот претставува небо, а Египќаните верувале дека божицата на плодноста Нут, ќе ја прекрие цела земја со своето тело како чадор и дека така ќе ги заштити луѓето.

Чадорот во Кина бил дел од свечената облека на владетелот, а бројот на чадори кои се носеле во свечени моменти бил директно пропорционален со неговиот углед.

Тие чадори се разликувале од денешните по тоа што имале повеќе нивоа, па така чадорот на кинескиот цар имал четири, а на сијамскиот дури седум или девет нивоа.

Околу 500 години пред новата ера, чадорите во Грција биле користени во тек на миси за да се заштитат статуите на боговите и се претпостатува дека од таму обичајот се пренел на Рим каде папата и кардиналите носеле чадори како симбол на божествена моќ.

На пример, Папата носел чадор прекриен со ленти од црвена и жолта свила, а кардиналите и епископите со виолетови и зелени ленти.

Тогаш во антички Рим, чадорот за прв пат се појавил и во рацете на жените како статусен симбол, а во 12 век чадорите биле правени од свила и биле украсени со бисери.

Забележано е дека Папата Александар Трети побарал дозвола да се појавува и во јавност со чадор како симбол на моќ и достоинство.

Во 17 век чадорот стигнува до Англија, а во 18 век и до Франција, каде жените го носеле главно како заштитници од сонце и тој бил моден детал кој требал да ја потенцира женската елеганција.

Во Англија чадорите прво ги носеле само свештеници и сопственици на кафе барови, со време почнале да ги носат и другите мажи, но кога се повеќе почнале да го носат жени, мажите го отфрлиле како премногу феминизиран детал во нивните раце.

Кон крајот на 18 век чадорот имал многу недостатоци, бил масивен и тежок, правен од трска или коски од китови, од платно кое било импрегнирано со масло што доведувало до тоа да пропушта вода, но и таков бил поевтин од такси, т.е. поевтино било да се купи чадор отколку да се плати такси кога почнувало да врне дожд.

За креатор на денешниот чадор се смета Семјуел Фокс кој својот производ го патентирал под името „Парагон“.

Во 20 век чадорот почнува масовно да се користи и повеќе не е симбол на статус и моќ.

На запад чадорот се користи само кога врне дожд, но на исток луѓето се уште го користат и како заштита од сонце.

Денешните чадори не се украсени како тие од минатото, повеќе не се привилегија на владејачката или богатата класа, туку практична работа која заштитува од дожд, но останал моден детал кој се прилагодува на трендовите.

Текстот е преземен од  Танјуг - Белград

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »