Петар Печков
Објавено: среда, 30 јуни 2010
Со Граѓанскиот сервисен центар, кој со над еден милион денари е финансиран од Општина Чашка, според градоначалникот Пановски, на околу две илјади жители на општината и на населението од околните села ќе им се олесни работата за добивање најразлична документација.
Во овој центар, ќе можат да се добиваат најразлични информации, а ќе им се помага на жителите во потполнување на различна документација од областа на катастар за земјоделие и слично.
Се предвидува со возило на Општината документите да се носат во Велес и потполнети да им се враќаат на жителите – изјави градоначалникот Горан Пановски
Граѓанскиот сервис центар е опремен со 12 компјутери мрежно врзани со општината, во прво време во него ќе работат 12 лица.
Како што е најавено, се очекува наскоро да се отвори и четвртиот Граѓански сервис центар, и тоа во селото Горно Јаболчиште, со околу три илјади жители
Tweet |