речник контакт

Чашкарец измамен за 18 илјади денари

60-годишен жител на општина Чашка пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари

Петар Печков

Понеделникот попладне, жител на населба Чашка пријавил дека е измамен од скопјанец за 300 евра.

„На 10 јануари (вторник)  во 15.30 часот во Полициската станица Велес, 60-годишен жител на
општина Чашка пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило и му побарало услуга, а требало да се договорат во Скопје, каде што лицето имало магацин. Според пријавеното, лицето побарало од него, при доаѓање во Скопје, да се сретне со друго лице и да му даде 18.500 денари, кои ќе му ги врател кога ќе се сретнат. Како што е пријавено, откако ги дал парите и пристигнал во Скопје повеќе пати се обидел да стапи во контакт со лицето, но не му било одговорено на повиците, по што сфатил дека бил измамен“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Полицијата  работи на расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »