речник контакт

Чај од лист од маслинка

Рецепт како да го подготвите најздравиот чај на планетата. Се берат токму сега во пролет, младите листови!!Листата на лековитост е подолга...

Петар Печков

Листовите за чај е најдобро да се берат во пролет кога  се млади, измијте  ги и  ставете ги да се сушат  на место каде има добро струење на воздухот . Да се чуваат во затворен сад, заштитен од светлина ...

Поновите студии потврдија дека маслиновиот чај има повеќе антиоксиданси  дури и од зелениот чај, што го прави меѓу најздравите чаеви на нашата планета во целина.

Маслинов чaj : За еден филџан чај 2-3 дл треба 15-20 сушени маслинови лисја .

Оставете ја водата  да зоврие, ставете ги  лисјата и нека вријат  со неа  2-3 минути. Оставете  листовите да стојат во вода 10 минути и отстранете ги. Не е добро листовите да стојат подолго. Може да се пие ладен и топол со мед, лимон, или без ништо. Чајот треба да го пиете секој ден за да почувствувате резултати кај различни болести. Чајот се препорачува да се пие и како превенција за да се спречат овие болести. Чајот има благ вкус со можеби одвај забележлива горчина.

- Срцеви заболувања и регулирање на отчукувањето на срцето

- Високо ниво на масти во  крвта

- Атеросклероза

- Херпес

- Артритис

- Дијабетес

- Синдром на хроничен замор

- Хепатитис А, B и C

- Менингитис (бактериски и вирусни)

- Вагинитис

- Ботулизам

- Дифтерија

- Листерија

- Маларија

- Чир

- Грип

- Воспаление на уринарниот тракт

- Енцефалитис

- Кламидиски инфекции

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »