Петар Печков
Објавено: вторник, 21 септември 2010
Надлежна за одржување на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација на автопатот Куманово - Гевгелија е ЈП Македонија пат.
Но колку тие се грижат за исполнување на нивната обврска покажува оваа фотографија снимена во близина на античкиот локалитет Стоби. Наместо возачите да се информираат, тие само добиваат дилема каде се наоѓаат.
Затоа едвај чекам да дојде есента, да паднат лисјата па да се прочита кој пат за каде води.
Tweet |