Петар Печков
Објавено: недела, 19 февруари 2012
Тројца смели планинари на овие снежни услови се качија до планинарскиот дом Чеплес. Тој е на височина од 1500 метри во подножјето на Солунска глава, на планината Јакупица и во снежна блокада. Неколкучасовните напори да се дојде до домот биле успешни и тројцата планинари престојувале два дена таму.
Велешаните Марковски Марјан, Здравевски Марјан и скопјанецот Илиевски Дејан морале да минат повеќе од шест часови пеш од селото Нежилово, по завени патеки за да дојдат до домот. Велат дека за нив ова било предизвик истовремено и задоволство, на вакви временски услови да се стигне до планинарскиот дом Чеплес.
Tweet |