Петар Печков
Објавено: сабота, 04 октомври 2014
Курбан Бајрам — голем исламски празник кој трае 7 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва - курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.
Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините.
На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.
Tweet |