Петар Печков
Објавено: вторник, 15 октомври 2013
Курбан Бајрам, трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва - курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.
Вие што имате материјална можност да колите Курбан, чинете го тоа во име на Возвишениот Алах и овој празник ќе биде по свечен низ вашето приближување и солидарност, немојте да дозволите вашиот брат, вашиот комшија, вашиот пријател и сиракот да ја чувствуваат вашата негрижа. Заборавете ги вашите меѓусебни несогласувања, раздори и заговори, затоа, смирувајте, честитајте и однесувајте на исламски начин, рефлектирајте од светлото на вашето верување за да го постигнете задоволството на Возвишениот Створител, се вели во пораката до верниците по повод Курбан Бајрам поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.
Во неа тој на верниците им посакува спокојство, среќа и задоволство во текот на празничните денови на Курбан Бајрам, со молба Алах да ги прима нивните ибадети, вклучувајќи и колењето на курбаните во Негово име, како и на сите овогодишни хаџии да им го прими хаџот.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.
Курбан Бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот каледнар е лунарен календар а грегоријанскиот каледнар е соларен календар.
Tweet |