Петар Печков
Објавено: недела, 19 август 2012
Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога мулсиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.
Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот - Бајрам трае три дена. На првиот ден се извршува утринска молитва - Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Светиот месец Рамазан (тур. Ramazan од арап. رمضان, Рамадан) е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга - Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед.
Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни.
Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови - милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.
Еден од најбитните настани во текот на овој месец е постењето (савма).
Секој ден во текот на месецот Рамазан, Муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на сонцето да јадат Сухоор, оброк пред зората, и обавуваат фаџар (fajr) молитва. Сите мора да имаат завршено со јадење и пиење пред да започне повикот за молитва (езан) па се до четвртата молитва од денот, магриб (залез). Муслиманите може да продолжат да јадат и пијат по залезот на сонцето, па се до следниот фаџар (повик за молитва).
По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.
Tweet |