Петар Печков
Објавено: среда, 25 декември 2013
Трите Словенки, кои животниот пат го донел во Велес, за нивните сограѓани по повод католички Божик подготвија коктел од словенечката кујна. На масите во Ликовниот салон, се најдоа многу тамошни специјалитети, кои беа понудени за велешани.
Подготвивме колач со ореви, крањски колбасници, кнедли од сливи, од кисело зелје. Ова го подготвивме со љубов и внимание. Нив ги правевме и кога бевме млади и живеевме во Словенија а ги научивме од нашите мајки и баби – вели Маринка Гашперич Жарова .
Иако со години заминале од родната Словенија, тие не ги заборавиле овие специјалитети, не им требало да се потсетуваат од домашните книги, туку со задоволство ги подготвиле.
Овие рецепти се запишани во срце и глава, не се бришат и не се забораваат. Тоа се специјалитет кои се подготвуваат за Божик и Велигден - вели Јожефа Џуклева Зајц. Иако се само три Словенки во Велес, тие често се дружат, гледаат, муабетат. Кога имаат време и можност се сретнуваат и дружат.
Имаме и четврта во нашето друштво тоа е Злата Ристова, која е велешанка ама долги години живееше и работеше во Словенија. И затоа ја сметаме за наша. На шега велиме ова е словенечко друштво во Велес, само нерегистрирано – додава Јелика Станкова Завршник .
Таа и Маринка се родум од Љубљана додека Јозефа е од Храсник. Бројните гости внимателно го пробаа словенечките специјалитети и делеа комплименти за вкусот. Набргу масите останаа празни, тоа беше знак дека им се допаднаа.
Tweet |