речник контакт

Честитки за 8 ми март

И да не биде само еден ден во годината

Петар Печков

ПЕСНА ЗА ЖЕНАТА

Жената е... жената е ...
Мома грда немаЖЕНА,
мома лична премаЖЕНА,
мома вредна трижмаЖЕНА,
млада вдова натаЖЕНА
пресна плуска раздраЖЕНА,
прва љубов разнеЖЕНА,
доцна вечер поснеЖЕНА,
златна лира обжеЖЕНА,
злост трижклета наеЖЕНА,
жед в сто грла намноЖЕНА,
ѕвезда в дланки доблиЖЕНА,
младост в жили раздвиЖЕНА,
мајка кутра загриЖЕНА,
сказна долга најслоЖЕНА,
жар во искри разлоЖЕНА,
желба в живот продолЖЕНА,
немаштина задолЖЕНА,
моќ со занес воруЖЕНА,
нејаснина опкруЖЕНА,
таа ЖЕНА ... ЖЕНА ... ЖЕНА!

Гане Тодоровски

 

 8-ми март се слави врз основа на одлуката на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки, одржана во Копенхаген,  Данска, во август 1910 година.

8 Март се слави секоја година како меѓународен Ден на жената. На оваа конференција по иницијатива на Клара Цеткин, беше решено 8 Март да се одбележува во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, кои се одржаа под паролата - Борба за општо право на глас.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »