речник контакт

Четворица велешани приведени оти биле на улица во време на полициски час, во велешко има 150 лица во самоизолација

Во моментот во самоизолација се наоѓаат вкупно 614 лица од Велeс, Кавадaрци и Неготино

Петар Печков

Има велешани кои не го почитуваат полицискиот час. Во синоќешната обиколка, на третата ноќ од оваа мерка,  полициските службеници пронашле  четири лица, кои според портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, биле лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Кавадарци и Неготино имало по две лица пронајдено по тамошните улици. Додевски информираше и за колку лица се наоѓаат во самоизолација 

Во моментот во самоизолација се наоѓаат вкупно 614 лица на територијата на СВР Велес, од кои 150 во Велес, 305 во Кавадарци и 159 во Неготино - изјави Додевски. 

Тоа се лица кои при влез во земјава потпишале изјава дека ќе бидат во карантин или лица кои пријавиле дека имаа симптоми па мора две седмици да бидт изолирани или полицијaта има наредба да ги контролира, бидејќи не ја почитуваат самоизолацијата. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »