речник контакт

Четворица велешки планинари летово ги освојуваа Алпите (фото)

Марјан Малинов, Марио Брлев и Пепи и Слободанка Анѓеловски се искачија на 4.563 метри

Петар Печков

Четворица велешки планинари:  Марјан Малинов, Марио Брлев и брачниот пар Пепи и Слободанка Анѓеловски земаа учество во акцијата ,,Алпи 2015,, организирана од планинарските  друштва ,,Балкан,, од Белград и ,,Макпетрол,, од Скопје. Тие заедно со уште 23 планинари 11 од Македонија, 10 од Србија и двајца од Бугарија, во периодот од 24 Јули до 4 Август искачуваа врвови во Австрија и Италија. 

Прв искачен беше   врвот Анкогел  3252мнв кој се наоѓа во Австрискиот алпски национален парк Hohe Tauern. Потоа следеа врвовите на Монте Роса: Zumsteinspitze 4563мнв  кој беше највисок во ова летно искачување и Signalkuppe 4554мнв , на чиј врв се наоѓа планинарскиот  дом Margherita. Временските услови за искачување тој ден биле  сонце, температура од неколку степени под нулата  и поднослив ветер.

Освоените врвови се во повеќе држави.  Анкогел е во Австрија. Врвовите на Монте роса се иакачуваат од Италијанска страна , сите се на границата со Швајцарија и дел од нив навлегуваат во Швајцарија. Гран Парадизо е во Италија. Задоволството од ова искуство е големо затоа што претставуа врв на нашите напори, освоени се повеќе врвови над четири илјади метри височина  - објаснува Марјан Малинов. 

Наредниот ден поради лошото време, густа магла и силен ветер, само мал дел од екипата се упатил на искачување.  Освоен бил Balmenhorm (4167m)  и  се стигнало до пред врвот Vincent Pyramidiе (4215 m). Еден од  тие  кои ги искачија овие врвови беше велешанецот  Марјан Малинов од Македонија заедно со  Радослав Георгиев и Благо Попчев од Бугарија.

Лошите временски услови го  следеле  и  искачувањето на Gran Paradiso  4061мнв  следниот ден. На овој врв тој  ден се искачиле само 6 планинари и тоа  Марјан Малинов и Игор Марковски од Македонија, Радослав Георгиев и Благо Попчев од Бугарија и двајца Шпанци. Сите останати се откажале од искачувањето.

Малинов  учествувал во освојувањето на пет врвови над 4 илјади метри, додека Брлев и Пепи и Слободанка Анѓеловски ги качиле првите три Анкогел, Цумштајншпиц и Сигнак купе. Со оваа акција продолжуваат  успесите на Велешките планинари. 

Досега Малчинов, Брлев и брачниот пар Анѓеловски  ги имаат искачено највисоките врвови  на Балканот Мусала(Рила Бугарија) 2925мнв, Митикас(Олимп Грција)2918 , Вихрен(Пирин Бугарија)2914мнв  и тоа по повеќе пати и во зимни услови,  со снег. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »