lj lkjl
Објавено: петок, 18 август 2006
Четворица млади Италијанци со два лажни калашникови и една сачмарка, завчера сееја страв и паника меѓу бројните туристи и мештани на местото Премантура кај Пула. Тие, низ отворените прозорци на својот автомобил со кој забрзано се движеле низ местото, глумеле вистински терористи и \"пукале\" врз до коска исплашените луѓе. Шегата настрана, очевидците велат дека глетката била страотна, а полицијата, можеби и таа исплашена, успеала некако да се прибере и да ги фати. Им олеснало кога утврдиле дека трите пушки се успешни копии на оригиналите. Италијанците се приведени поради кршење на јавниот ред и мир.
Tweet |