Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 октомври 2020
Министерството за здравство објави дека денес, понеделник, има четири ново заразени лица со ковид-19, а тројца се оздравени. Активни случи во велешко има 99 пациенти.
Дел од ново заразените посочуваат дека ковид-19 добиле на работно место. Има уште еден случај во ЈКП Дервен, има повеќе лица од таму во изолација. Тројцата оздравени се сите од домашно лекување - информираа од Центарот за јавно здравје Велес.
Досега во велешко има 432 лица заразени со корона вирус, 316 оздравеле а 17 се починати. Од активните случаи 78 се дома, 16 се на Инфективно одделение од велешка болница и по две лица се на Инфективна клиника во Скопје и Клиниката на Жан Митев.
На Инфективното одделение хоспитализирани се 37 пациенти, 31 се потврдено позитивни, шест сомнителни, 15 се на кислородна поддршка. Пациентите се -22 од Велес, осум од Свети Николе, Градско четири, двајца од Кавадарци и еден од Демир Капија.
Tweet |