речник контакт

Четврта година по ред се намалува бројот на интервенции на велешките пожарникари

Добрата вест, освен намалениот бројот на интервенции, е што и годинава при пожарите, нема регистрирано човечки жртви.. Минатата година се бележи пад при бројот на интервенции за запалени возила, кога пожарникарите интервенирале

Петар Печков

Осетно е намелен бројот на интервенции на велешките пожарникари во 2022 година. Според добиените бројки од локалната власт,  во текот на 2022 година на подрачјето на Општина Велес, ТППЕ имала 234 интервенции од кои осум  на територија на Општина Чашка, 26 на територија на Општина Градско и 200 на територија на Општина Велес.

Добрата вест, освен намалениот бројот на интервенции, е што и годинава при пожарите, нема регистрирано човечки жртви. Пожари на отворено имало 124, пожари на објекти 62 и 48 технички интервенции, во кое што спаѓа и интервенции при сообраќајки, вадење давеници од вода, влегување во стан заради потребите на полиција, искрење на бандери, вадење на вода од подрумски простории...

Ова е четврта   година по ред, како  се намалува бројот на интервенции кои велешките пожарникари ги имале на терен. Ако лани имале 234 , во 2021  311, во 2020 321 а во 2019 361. ТППЕ Велес  покрива подрачје на три општини, матичната Велес и соседните Чашка и Градско.

Со пожари изминатата година била опфатена површина од околу 25 хектари, што е далеку помалку отколку во 2021 кога  биле опожарени 179 хектари и 71 декар површина под шума или трева.

Лани во Велес имало 200 интервенции, а во 2021  270 интервенции,  наспроти 296 во 2020-та  додека во 2019-та 303 а во 2018-та 239.

Минатата година се бележи пад при бројот на интервенции за запалени возила, кога пожарникарите интервенирале во 16 случаи наспроти 26 во 2021,  во 2020 биле 15 случаи.

Лани  во 18 случаи интервенирале при гасење на оган во контејнери, наспроти во 20 случаи во 2021. Намален е бројот и на интервенции при запален оџак 17, наспроти  21  во 2021.

Во Чашка  ТППЕ Велес  минатата година имала осум интервенции, а претходно две години по ред имала 18 интервенции, наспроти 39 во 2019.

Во  општина Градско  лани е зголемен бројот на пожари 26,  во 2012 имало  23,  а во 2020 и 2019 имало по едноцифрени интервенции, седум односно девет. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »