Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 август 2013
Во неделата претпладне мајка си го пронашла мртов синот Даниел С. (24 год) во неговиот дом, каде живеел сам. Откако нејзиниот син два дена се немал јавено, таа заминала во куќата на улица Димитрие Чупоски и го нашла починат. Околу него имало шприцови и игли а Даниел С. бил зависник.
Неговото тело по налог на истражен судија е предадено на обдукција. Ова е четврти случај на смрт, на зависник од Велес оваа година.
Tweet |