Петар Печков
Објавено: вторник, 13 април 2021
Четврти ден по ред во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени, покажуваат бројките на Министерството за здравство. Изминатите 24 часа има 67 пациенти оздравено од ковид-19 и регистрирано 47 нови случаи. Или бројката на активни случаи во велешко е 775 а досега се заразиле 5.057 лица.
„ Починатa е жена на 56 години од Велес, позитивна, лекувана во ковид центарот на физикално одделение. Испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Денес еден пациент на 70 годишна возраст е префрлен во ГОБ 8-ми Септември во Скопје. На кислородна поддршка се 43 пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. Досега во велешко починале 152 лица, од последиците на корона вирусот.
Вкупно се хоспитализирани во велешка Болница 104 пациенти, од кои 86 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и 14 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се 50, на Интерно и на Физикално по единаесет и во Модуларна болница 32 пациенти.
Tweet |