Петар Печков
Објавено: четврток, 20 мај 2021
Четврти ден по ред во велешко нема нови случаи на позитивни со ковид-19, но има еден починат. Оздравени се четворица пациенти. ова е податоците на Министерството за здравство за изминатите 24 час.
Починат е велешанец на 70 годишна возраст во болнички услови, кој се лекувал на некоја од клиниките во Скопје. Лицето било позитивно на корона вирусот. Тој е 172 жртва од велешко, на последиците на заразата.
„На кислородна поддршка се 12 пациенти. Испишани се шест пациенти како оздравен со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во велешка Болница хоспитализирани се 24 пациенти, од кои 15 се потврдени позитивни и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделение се девет пациенти, на Интерно три и во Модуларна болница 13.
Tweet |