Петар Печков
Објавено: недела, 21 ноември 2021
Се повеќе велешкиот прволигаш заостанува на табелата од Првата лига. Во 14-т- коло, нов пораз на домашен терен, овој пат од трето пласираниот тим на табелата ФК Ренова. Гостите од Тетово рано поведоа со високи 0:3 уште во 24 минута и до крајот на натпреварот беше рутина да се задржи оваа предност.
ФК Ренова поведе со голот на Али во 11` зголеми Селмани во 14`. Во 25` домашниот фудбалер Николовски имаше празен гол пред себе, но биеше со глава во средина и голманот на гостите одбрани а со тоа и можноста и надеж дека е можен пресврт. На 0:3 зголеми Перез во следниот напад. Во 64` со вториот гол на Перез тетовци имаа 0:4. Ѓоре Ѓорѓиев во финишот во 84` постигна почесен гол за 1:4 да го ублажи убедливиот пораз. По ова 14-то коло ФК Борец остана претпоследен 11-ти со само 8 бода, далеку од конкурентите за опстанок. Следниот викенд велешани гостуваат во Штип кај Брегалница која е 6-та со 22 бода.
Во 11-то коло од Втората фудбалска лига Исток во Градско ФК Локомотива одигра нерешено без голови со ФК Саса 0:0. Иако гостите атакуваат на врвот, домаќините успеаја да одземат бод, што е вкупно петти во досегашниот тек од првенството. Во следното коло ФК Локомотива игра во Виница со екипата на ФК Слога која е второпласирана.
Tweet |