Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 август 2013
Изминатиот викенд во Велес се одржа четвртиот турнир во одбојка на песок. Учествуваа 14 пара, осум во машка и шест во женска конкуренција од Србија, Косово и Македонија. Во машка конкуренција победија Димовски и Апел кој со 2:0 ( 13,20) ги победија Колев и Давчев. Третото место го освоија косовците Ибраими и Бериша.
Во женска конкуренција победија косовките Јашари и Ибраими (лани финалисти). Тие беа подобри од Ружиновска и Георгиевска со 2:1 ( 13, -21, 11). Третото место беше за Ивановска и Ефремовска. Натпреварите ги судеа Амбарков и Белевски. Организатор на турнирот беше ОК Борец Брако а финансиски помогнат од Општина Велес.
Tweet |