Петар Печков
Објавено: сабота, 23 април 2016
Првото годинашно авионско тертирање против комарци најавено за денес, понеделник е одложено за в четврток. Причина се лошите временски услови. Новото е закажано за в четврток, 28 април во периодот од 5 до 6,30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 29 Април (петок) 2016 год, информираа од Општина Велес.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Надлежните ги предупредуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Tweet |