Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јуни 2015
Четврток и петок Велес по 52 пат ќе биде домаќин на ,,Рациновите средби,,. Со нови содржини и нова целна публика, помладата популација, новото раководство на манифестацијата, најавува освојување на поширок круг посетители. Градоначалникот на Велес застана зад новиот концепт на организацијата.
Со понудената програма, организаторот ФАД ,,Стоби,, ја задржа поентата на средбите, негување на култот кон личноста и делото на Рацин, достојно на неговата историска големина и значење за македонската култура. Манифестацијата ги содржи основите параметри по која е препознатлива но се нуди суштински и едно ново видување, сосема различен концепт, во чекор со времето и интересите пред се на младата публика за која е наменета програмата. Свежината која манифестацијата ја носи, очекуваме нови квалитети и поголем интерес за македонската јавност за Рациновите средби - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Локалната власт преку делегирана надлежност ја отстапи манифестцијата на Здружението на граѓани ФАД Стоби а за директор беше поставен актерот и уметнички директор на велешки театар Васил Зафирчев. Тој посочи дека г сите содржини ќе бидат на отворено, на повеќе простори низ градот.
Освен традиционланта беседа за Рацин која ќе биде пред неговиот споменик во центарот на Велес, поетскиот митинг и доделувањето на наградите кои ќе бидат пред Спомен костурницата имаме повеќе новини. Првата е ,,Ѕидот за Рацин,,. На овој простор млади ликовни уметницик ќе сликаат дела инспирирани од животот на поетот. Четврток вечер, млади средношколци од земјава ќе ја рецитираат ,,Татунчо,, а за најдобриот рецитатор ќе има и награда. Вечерта ќе биде отворен и Саем на книга а во продолжение ќе биде прикажан дигитализираниот документарец на Трајче Попов, тв поемата ,,Бели мугри,, создадена во 50-тите години на минатиот век. В петок продолжува идејата на Друштвото на писателите, засадување на нови садници во шумата на Рацин. Во 20 часот е процесијата Илјада свеќи за Рацин, која тргнува со уметнички преформанс од пред родната куќа на поетот. Продолжува до Градскиот саат каде ќе настапат балетски уметници на МОБ. Процесијата завршува пред Спомен костурницата, каде ќе биде прикажан видео перформанс ,,Бесмртна,, , ќе настапи градскиот црковен хор, ќе бидат претставени портретите на добитниците а завршува со музички концерт на велешкиот музичар Сашко Костов - најави Зафирчев.
Годинашните Рацинови средби се финансиски помогнати со 600 илјади од Општина и 250 илјади денари од Министерството за култура.
Tweet |