Петар Печков
Објавено: вторник, 03 јули 2012
На 5-ти јули, четврток, ќе се спроведе второто авионско третирање против комарци. Авионското третирање ќе започне во 5 часот наутро и ќе трае до 6.30 часот.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег како и рекреативниот центар “Езеро Младост” со непосредната околина. Пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа се предупредуваат да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.
На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката Киро Ќучук, Башино село и Езеро Младост.Границата на третирањето започнува на исток од Башино село, преку автопатот Скопје-Велес до патниот јазол за приклучување на патот за Штип, преку автопатот Скопје – Гевгелија, се до кланицата АГРИА.
Tweet |