Петар Печков
Објавено: вторник, 29 мај 2018
На 31 мај, четврток со почеток од 20ч. во велешки театар ќе се прикаже новиот македонски филм ,,Исцелител,,. Тој постигна голем успех и кај публиката и кај критиката, беше прикажан на повеќе европски и светски фестивали, каде беше пречекан со пофалби и позитивни критики.
Во ,,Исцелител,, Веле е механичар од железничко депо, кој немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак. Меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.
Во филмот играат: Благој Веселинов - Веле, Анастас Тановски - Саздо, Аксел Мехмет - Џем, Александар Микиќ - Мрсни, Мирослав Петковиќ - Коки, Диме Илијев - Тоде, Симона Димковска - Јана. Режијата и сценариото се на Ѓорче Ставревски.
Од велешки театар најавуваат дека ако има интерес ќе се прикаже и следните денови.
Tweet |