Петар Печков
Објавено: вторник, 05 април 2022
Вработените во државната управа и судовите ќе протестираат со неработење од 10 до 12 часот во четврток и петок, најавија од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ). Тие бараат исплата на минимална плата и линeарно зголемување на платите на сите вработени за 2.806 денари.УПОЗ ги застапува вработени во министерства, агенции, фондови, управи и судови.
УО на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) одлучил, 7-ми април Денот на здравството, тие да го минат пред Министерството за здравство, каде во 12 часот ќе одржат протест. Освен докторите на протестот ќе учествувале и медицинските сестри и заедно да го искажат нивниот револт од не решавањето на проблемите кои ги имале а велата дека биле бројни.
„Се сменија многу министри, многу Влади, но никој не направи ништо за опстанокот на примарното здравство. Не се покачени Буџетите за матичните, ниту за специјалист, ниту за лаборатории. Имаме енормни зголемувања, покачена е минимална плата, цената на индустриската струја која отиде високо, капитациониот бод мора да се зголеми. Пациентите да бидат на ПЗУ не на лекар, тоа е наше стратешко барање, оти пет месеци е најмал период од затворање додека некој друг ја отвори таа амбуланта“- кажа д-р Лили Чолакова Дервишова претседател на ЗПЛМ.
Иако од последниот протест со Министерството за здравство беше договорено формирање на работни групи и за почнување на разговорите, тоа не се случило.
„Го пративме нашите предлози за примарно, за секундарно,за лаборатории, за специјалистички. Но ништо не се случи, немаше состанок, каде суштински ќе се разговара, со резултат. Не бараме средби само да се гледаме, туку нешто треба да се придвижи. Вредноста на бодот од 63 денари капитација е премногу ниска а за стоматолог е 48 денари“- рече д-р Чолакова Дервишова.
Поради лошите услови за работење бројката на амбуланти во земјава од 1,4 илјади на почетокот од годинава, паднала на 1,2 илјади сега во април. Само во Велес минатиот месец беа предвреме затворени три ПЗУ а шест медицински сестри отидоа на биро како невработени.
Tweet |