Петар Печков
Објавено: петок, 24 јуни 2022
Во текот на вчерашното поладна сообраќајната полиција контролирала, колку мотоциклистите ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„На 23 јуни во периодот од 12 до 18 часот, полициски службеници на СВР Велес спроведоа акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 47 прекршоци . Од нив 27 биле во Велес, 13 во Кавадарци и 7 во Неготино. Најголемиот број од прекршоците -33 се однесувале на не користење на заштитна шлем“ - соопштија од МВР.
Од сообраќајната полиција апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
фото МВР
Tweet |