речник контакт

Четвртокот попладне велешанец каснат од змија отровница

Во велешка болница имаат доволно серум против отров за каснување од змија отровница

Петар Печков

На 13 јули, четврток, околу  18,30 часот во велешка болница, прво на интерно одделение бил донесен пациент кој бил каснат од змија. Според негово кажување од отровница, додека работел во градината. Веднаш бил префрлен на Инфективно одделение.

„Маж на 35 годишна возраст беше донесен откако бил каснат од змија отровница и тоа на десната надлактица. Беше видно вознемирен. Доби серум и остана на следење на Инфективно одделение до натаму. Во болницата има доволно серум како против отров од каснување од змии отровници“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.

Претходно до 10 јули во велешка болница немаше донесено пациент кој барал лекарска помош, поради каснување од змија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »