Петар Печков
Објавено: петок, 24 април 2020
СВР Велес информираше дека во текот на изминатото деноноќие, четири нови лица потпишале изјава за самоизолација со што вкупниот број во велешко се зголеми на 49.
Нема нови лица кои потпишале изјава за изолација а во Велес вкупната бројка е 57. Ова се информациите кои со јавноста ги сподели Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тој дополни дека изминатите 24 час, во период кога е намелен периодот на полицискиот час, во велешко полицијата не констатирала прекршувања.
Од страна на полициски службеници извршени биле контроли во домовите кај лица во изолација и самоизолација, при што сите ги почитувале овие мерки.
Tweet |