Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јануари 2022
Во текот на претпладнето, во период од четири часа, била спроведена сообраќајна контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници . Неа ја извршиле полициски службеници на СВР Велес во периодот од 8 до 12 часот. Се контролирале автобуси и комбиња.
„При контролата, откриени и санкционирани се четири технички неисправни возила, од кои две возила имале неисправни сопирачки. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ - кажа Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Од СВР Велес најавуваат дека продолжуваат засилените акциски контроли и во наредните денови.
Tweet |