Петар Печков
Објавено: четврток, 05 март 2015
Велешанецот Беадин Демири ( 37 год) доби четири години затвор за силување на 17 годишна девојка. Тој беше прогласен за виновен во Основниот суд во Велес , една година по делото кое го сторил на 17 февруари минатата година.
Според обвинението Демири, кој се познавал со девојката, је земал со колата по часови од средно училиште, со цел да ја однесе до нивни заеднички познаници. Но по пат тој се упатил во друг правец, по што девојката побарала одговор каде одат. Но одговор немало а тој продолжил, по што таа барала да застане, а обвинетиот извадил пиштол со кој и се заканил по животот.
Ја довел до мотелот во Лозово. Во изнајмена соба се обидел да има однос со неа, но таа жестоко се спротивставила , по што Демири го извадил ременот и почнал да ја тепа, по што ја силувал. И се заканил дека ако каже некому ќе плати со глава. Девојката смогнала сили и пријавила во полиција. Психијатриите посведочиле дека девојката од чинот доживеала тешка траума.
Демири пред судот тврдел дека не го сторил силувањето. Предвидената казна за ова дело била од 3 до 5 години а судијата одлучил да му даде 4 години затвор. Пресудата не е правосилна, одбраната најави жалба.
Tweet |