Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 март 2012
Орхан Кантуров ( 31 год) е прогласен за виновен за кривичното дело разбојништво, кое го стори заедно со друго непознато лице, во ноември 2010-тата. Тој со уште едно непознато лице на Т.Н. додека бил на гробното место од сопругата, му пришле и побарале 20 денари, откако не ги добиле физички го нападнале, го натепале и од задниот џеб на панталоните му одзеле илјада денари по што побегнале.
Кантуров се наоѓа на отслужување на казна затвор за друго кривично дело. Тој според полицијата е организатор и учесник на повеќе кражби, разбојништва и напади на градските гробишта од црквата Св. Спас во Велес, за што во велешкиот суд се водат други процеси.
Tweet |