речник контакт

Четири години затвор за украдени три лап топи

Осудениот Ѓорѓиевски е во бегство, го оштетил Нептун за околу 100 илјади денари

Петар Печков

Велешанец за украдени три лап топи, доби четири години затвор. Марјан Ѓорѓиевски за кривичното дело тешка кражба во Основен суд Велес е прогласен за виновен а му се судеше во отсуство, пресудата е правосилна.  

Делото го сторил ноќта помеѓу 24-25октовмри 2015 година околу 3  часот, со кршење, влегол насилно во продавница ,,Нептун,,    при што одзел три лат топи,  во вкупна вредност од 98.597.

Ѓорѓиевски  откако дошол до салонот за бела техника со употреба на чекан го скршил термопан стаклото на една од двете алуминиумски лизгачки влезни врати при што успеал да направи отвор со димензии 130 х 53 см. преку кој влегол внатре во самиот објект и се упатил кон полицата на која биле изложени неколку лаптопи, од каде што одзел три од нив, во износ од 29.999,00 денари,  од 42.999,00 денари и од 25.599,00 денари, а последниот лаптоп од полицата не успеал да го земе бидејќи го турнал на земја па избегал.

Казната  од четири години затвор, е изречена во согласност со  аконот за одредување на видот и одмерување на висината а Ѓорѓиевски досега пет пати бил осудуван за различни  кривични дела. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »