речник контакт

Четири дена Велес ќе живее за футсал натпреварите на македонската репрезентација

Од денес, четврток до недела салата Гемиџии и Велес се домаќини на претквликифациите за СП во футсал. Ќе играат репрезентациите на Франција, Црна Гора, Швајцарија и Македонија.

Петар Печков

Селекторот Васко Скендеровски и капитенот Зоран Левески ги кажаа амбициите освојувње на  првото место.

Имаме интересна група во која ние сме фаворити. Добро ги познаваме селекциите на Црна Гора и Франција со кои имаме играно, а Швајцарија е речиси почетник во футсал. Црногорците убедливо ги победивме на контролките, но тоа е непредвидлива селекција. Очекувам за првото место во групата да решава последниот дуел со Франција. Наша цел е да се пласираме во елитната рунда. Доколку ни успее да оствариме три победи, тогаш ќе играме во Азербејџан каде што покрај домашната селекција најверојатно ќе настапат уште и Украина и Хрватска - вели селекторот  Скендеровски.

Во Велес, публика ги мотивира репрезентативците, доказ за тоа е убедливата победа против Србија. Одлична е атмосферата во екипата и се надевам дека тоа ќе ни помогне да одиграме уште три квалитетни средби. Наша цел е да се најдеме во третиот шешир за следното ЕП 2013 и затоа ни се потребни три победи. Мислам дека ЕП ќе биде вистинска шанса за оваа генерација. Значи треба да ги искористиме овие средби и учеството во елитната рунда за ново искуство, воигрување, вклучување на помлади, талентирани играчи во тимот и да бидеме првата репрезентација која ќе се квалификува на голем фудбалски настан каков што е следното ЕП - оптимист е капитенот Зоран Левески.

распоред на натпреварите, влезот е бесплатен

20.10 18 ч. Франција - Швајцаарија
             20,30 Македонија - Црна Гора
 21.10 18ч.  Црна Гора - Франција
            20,30 Македонија Швајцарија
 23.10 16,30 Швајцарија - Црна Гора
             19ч.    Франција - Македонија

Од натпреварите на македонската репрезентација МТВ ќе емитува снимки во полноќниот термин.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »